ФОТО: Макфест

Триесет години по „Чаирска романтика“ и „Еден бакнеж“ доаѓам повторно на „Макфест“, на 21. октомври со нова песна насловена „Златни години“.Се гледаме во Штип – порача Владо во своето видео-обраќање на Инстаграм, како најава за неговото учество на фестивалот

На годинешниов „Макфест 2023“,што ќе се одржи на 20 и 21 октомври во Центарот за културата „Ацо Шопов“ во Штип , публиката и телевизиските гледачи може да очекуваат едно поинакво и подмладено издание.

Како што најавија организаторите, годинешново 38. издание на фестивалот на забавна музика „Макфест 2023“ во Штип, списокот на музички имиња и квалитетот на песните кои ќе ги изведуваат, ветува уште поатрактивна музичка понуда од минатата година.

Млади надежи и домашни ѕвезди

За тоа гаранција се избраните композиции во обете фестивалски вечери. Првата вечер на млади надежи и фестивалски дебитанти има и натпреварувачки карактер, а половината најдобри ќе ги слушнеме и на ревијална вечер, рамо до рамо со познати и веќе етаблирани естрадни имиња. Меѓу учесниците ќе биде и еден од најпопуларните и најуспешни амкедонски пејачи Владо Јаневски, кој и смаиот неколкупати настапил на овој реномиран фестивал, каде пред триесетина години ги испеа своите големи хитови „Еден бакнеж“ и „Чаирска романтика“, кои и денес ги изведува на своите концерти.

– Триесет години по „Чаирска романтика“ и „Еден бакнеж“ доаѓам повторно на „Макфест“, на 21. октомври со нова песна насловена „Златни години“.Се гледаме во Штип – порача Владо во своето видео-обраќање на Инстаграм, како најава за неговото учество на фестивалот.

Неофицијално дознаваме дека меѓу годинашните уечсници се и: групата „Љубојна“, Андријана Јаневска, Ламбе Алабакоски, Бојана Скендеровски, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Таско…

Се надеваме и дека некои од дебитантите по неколку години ќе бидат популарни и успешни како нив.

– Некои од младите учесници, како Драгана Јовановска, Тијана Периќ, Бранкица Свирков – Бани (во дует со Томе Токи), Марија Грујовска, Александра Трајческа… веќе имаат големо естрадно искуство, зашто учествувале на домашни и регионални музички, талент, шоу натпреварувања и фестивали, а поединци дури имаат и фестивалски победи или освојувале друг тип награди. Првата вечер ветува одличен сценски настап, потенцијални хитови и балади, интересни дуети и избор на најдобрите кои ќе ја комплетираат втората, ревијална вечер – ни рече Антонио Димитриевски, преставник з аодноси со јавноста на Фестивалот.

Тој дополни дека на втората фестивалска вечер ќе настапи македонска музичка елита.

– Некои од пејачите пред извесен број години учествувале на „Макфест“, некои за првпат ќе застанат на сцената на Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип, на задоволство на публиката, бдиејќи тоа ќе бидат познати имиња, со бројни настапи, концерти, турнеји зад себе, а пред се со хитови што и денес ги пеее и повозрасните и помладата публика, а со години не престануваат да се вртат во радиоетерот – вели Димитриевски.

Музички и продукциски, уметничкиот директор Роберт Саздов и неговиот тим соработници, како што самиот изјави, направиле се’ звукот на „Макфест 2023“ да биде уште поблизок до актуелните, светски, музички трендови. Од друга страна ќе се понуди свеж звук и модерна продукција, блиски до младата публика. Секако нема да биде заборавена и онаа повозрасната, која ќе може да ја препознае песната блиска до нејзиниот вкус и сензибилитет. Со еден збор на „Макфест 2023“ ќе има музика за сите вкусови и возрасти.

Новото фестивалско мото е: „Фестивалска симфонија за цела Македонија“

Во тој дух е создаден и годинешниот слоган, односно годинешното мото на фестивалот: „38 години Макфест – „Фестивалска симфонија за цела Македонија“! Како дел од фестивалскиот редизајн е и новата официјална музичка шпица на „Макфест“, која по цели 32 години ќе биде заменета. Нејзин автор е токму уметничкиот директор на фестивалот, реномираниот македонски композитор и музичар, Роберт Саздов.

Организационо-извршната и продуценстка екипа предводена од Александар Арсовски, организатор и координатор на „Макфест“ од општина Штип, исто така има полни раце работа, сакајќи фестивалот покрај музичките, да го надополни и со иновативни визуелно-сценски содржини. Тие, секако, ќе ја збогатат комплетната аудио-визуелна слика на „Макфест 2023“ за комплетно уживање и на публиката во салата, но и на ТВ гледачите.

Претходно за сите детали и поединости, претставниците на македонските медиуми ќе бидат известени и информирани на ПРЕСС конференцијата со мини коктел, која е планирана да се одржи во првата половина на месец октомври во еден елитен хотел во Скопје. На неа ќе бидат презентирани и најмалите ситници околу учесниците, композициите, водителите, презентерите, жирито, црвениот тепих, фоајето, сцената, бекстејџот…

Фестивалот директниот ќе го пренесува МРТ, а ќе има и „лајв стриминг“ на Интернет и на оцијалните мрежи, како и на уште неколку интернет канали и платформи на кои сите случување пред почетокот, за време на одржувањето и по завршувањето на „Макфест 2023“ ќе бидат директно емитувани. Изјавите, разговорите, интервјуата со фестивалските протагонисти преку снимки, поткасти и емисии одложно ќе бидат емитувани.