Едни од предводниците на југсловенскиот рокенрол, легенадрните „Дивље јогоде“, вечерва во Македонска филхармонија, со почеток во 21 часот, првпат во кариерата ќе го изведат својот електрично-акустичен концерт во Скопје. Секако пубиката ќе може да слушне дел од нинвиот богат репертоар, создаван од далечната 1977 година досега и нивните најголемите хитови: „Дивње јагоде“, „Криво је море“, „Једина моја“, „Мотори“, „Чаробњаци“, „Стаклени хотел“, „Ватра“, „Шејла“, „Коњи“, песната „Марија“, која како што велат посебно ја сакаат тука во Македонија, па се до она што го носи нивниот 13-ти албум, што излезе неодамна, а е насловен „Прати моје старе трагове“.
– Ваков тип на коцнерт ние првпат свириме, спој на анплагт настап и електрика. Вежбавме за оваа прилика, бидејќи и за нас ова ќе биде предизвик – рече на денешната прес конференција во Скопје, Зеле Липовача основач и лидер на групата.
На пресот, чиј домаќин беше Антонио Димитриевски, беа сите членови на бендот: освен Зеле Липовача, композитор, гитарист и придуржен вокал, тука беа и: Ливио Берак вокал, Дамјан Деуриќ, клавијатури, Андраш Иштван на бас, Емил Крањчиќ на тапани и повратникот, првиот пејач на групата Тони Јанковиќ.
– Сите се врни музичари, но и добри колеги и искрени пријатели. Според мене звучиме најдобро досгеа и драго ми е што по толку години кариера, уште сме барани и сакани во регионот – рече Липовача.
Тој спроти вечерашната средба со скопската публика, вети дека концертот секако нема да мине без инструметалната изведба на песната „Македонско девојче“.
– Доколку не ја отсвириме „Македонско девојче“ тука , тоа би било како да одржиме концерт без најголемите хитови. Направив своја верзија на песната , пред се зашто тоа е преубава мелодија и тоа е предзвик за секој музичар да внесе нешто свое во интерпретацијата – рече Липовача.
А останатите членови на групата се надоврзаа дека за нив Макеоднија е втор дом и се чувствуваат топло и пријатно како да одат во посета кај баба и дедо.
– Во Македонија бевме пред една година, кога одржавме неколку одлични концерти. А кога доаѓаме тука, секогаш тоа е два дена порано, а си одиме неколку дена подоцна – рекоа членовите на „Дивље јагоде“.
Липовача, лидерот на бендот раскажа некои интересни податоци за групата, враќајќи се назад во времето кога, како средношколец вежбал свирење гитара и по осум часа на ден, сакајќи да ги симне своите идоли, групите „Дип парпл“, „Ху“, „Лед Цепелин“….
– Нашиот успех и долговечност се резултат на песните штои и денес живеат, што публиката ги сака. Луѓето ги чувствуваат, будат емоции, ги враќаат во едно друго време. Но, интересно е дека „Дивље јагоде“, освен онаа публика што растеше и созреваше со нас, имаат и нова, млада публика и тоа многу повеќе отколку што очекувавме. А што се однесува до реакциите на нашите концерти, размената на енергија меѓу бендот и публиката, нема разлика дали свириме во Пробиштип, во Белград или во Лондон, луѓето секогаш исто регаира ако е нешто дорбо – вели Зеле Липовача.