По дури 14 каснувања од бесно куче, мајката на деветгодишното момче Јозеф Мајстер го донела кај научникот Луј Пастер на 6 јули 1885 година, иако знаела дека дотогаш никој не бил излекуван од беснило.
Во текот на мај и јуни истата година, Пастер се обидел да излекува двајца пациенти што имале симптоми на беснило со вакцина. За жал, двајцата пациенти починале.
Момчето Јозеф Мајстер сѐ уште немало никакви симптоми, па Пастер решил да му ја даде вакцината бидејќи тоа била единствената шанса да му го спаси животот. Со оглед на тоа дека Пастер не бил лекар, лекувањето му го препуштил на доктор Греншер, кој за десет дена на момчето му дал 13 вакцини, постепено намалувајќи ги дозите. Јозеф преживеал бидејќи болеста не се развила кај него.
Ова покажа дека вакцината може да се користи не само како превентивна, туку и за терапевтски цели за болести што се развиваат бавно. Со оглед на тоа што никој не знаел за овој случај, Пастер одлучил дека по успешната примена на вакцината на следниот пациент, целиот свет ќе ги знае резултатите. Следниот пациент дошол кај него во септември 1885 година. Младиот петнаесетгодишен овчар Жан Батист Зипил се фрлил на бесно куче за да им дозволи на петмина негови придружници да избегаат. Луј Пастер го користел истиот метод како и со деветгодишниот Јозеф Мајстер, со што му го спасил животот на Жан Батист Зипил.
Имајќи на ум дека сѐ повеќе луѓе почнаа да доаѓаат кај Пастер, тој одлучи да основа центар посветен на вакцинација против беснило. По три години официјално беше отворен институтот „Пастер“. Тоа беше и истражувачки центар и центар за учење.
Извор: Политика