Во време на енергетска криза и покачена цена за електричната енергија сите сме загрижени поради високите сметки за струја. Но решението не да се пикнете под јорган за да заштедите. Наместо тоа подобро е да се навикнете да живеете во склад со неколку лесни правила за оптимално греење.
Без разлика дали го загревате домот со парно, дрва или на струја, со примена на неколку практични совети ќе ви биде топло и нема да имате високи сметки за струја или затоплување.

1. Не ја прегревајте собата
Секој степен штеди енергија потребна за загревање, важно е да знаете која е оптималната температура за секоја од просториите во домот. Во дневната и детската соба тоа се 21 степени Целзиусови, во спалната 17 степени, а во купатилото 23 степени. Во кујната, пак, каде што оптималната температура е 18 степени, дополнителна топлина обезбедуваат ладилникот и шпоретот.

2. Паметно проветрувајте ги просториите
Прозорецот кој што е постојано подотворен е вистински крадец на топлина и енергија. Затоа подобро е неколку пати во текот на денот (три до пет) широко да ги отворите прозорците на пет минути отколку да правите целодневна вентилација на простотијата. Во текот на ноќта прозорците треба да бидат затворени.

3. Загревајте рамномерно
Доколку правите повремено загревање на просторијата (уклучи – исклучи) може да се случи во собите да се појави мувла. Затоа се препорачува просториите рамномерно да се загреваат.

4. Испуштете го воздухот од радијаторите
Ако во системот за греење се слушаат необичи звуци (клокотење) во нив има воздух. Бидејќи насобраниот воздух го намалува капацитетот на греење, препорачливо е да го испуштите воздухот од радијаторите.

5. Намалете ја потрошувачката на топла вода
За загревање на болјерот се троши 12 отсто енергија. Главата на тушот за пет пати ја намалува потрошувачката на топла вода, а на тој начин и потрошената енергија.

 

6. Ослободете ги радијаторите и другите грејни тела
Завесите и мебелот кои се поставени пред грејните тела спречуваат топлиот воздух да се шири низ просторијата. Затоа ослободете го просторот пред и околу нив за да ја искористите целата ослободена топлина.