Наскоро групата „Фолтин“ ќе одржи три самостојни концерти: во Куманово, Штип и Струмица. Во Куманово во Големата сала на НУЦК на 6 септември, во Штип – НУЦК Голема сала на 13-ти, и во Струмица – НУЦК Голема сала на 21 септември.
„Фолтин“ има континуитетот од скоро 30 години концертно присуство пред домашната и меѓународна публика, а не ретко настапуваат и во помалите средини. На концертите ќе бидат изведувани и постарите песни на бендот, но и песните од последниот албум, „Симултан бакнеж“.
Концертите се организираат со поддршка на Министерство за култура и во соработка со центрите за култура во Куманово, Штип и во Струмица.