Властите во Непал објавија дека ја забраниле употребата на апликацијата во земјата бидејќи, според нив, „ги нарушува социјалната хармонија и семејните структури“. Како што пренесува „Економист“, овој потег следува откако владата на Непал им нареди на компаниите што управуваат со глобалните платформи за социјални медиуми да основаат локални канцеларии во земјата.
Непалските власти рекоа дека Тикток има содржини што поттикнуваат верска омраза, насилство и сексуална злоупотреба, кои доведоа до конфликти во реалниот живот што бараат распоредување на полициските сили и воведување полициски час, пишува „Њујорк тајмс“.
Кинеската матична компанија на Тикток не го коментира случајот, но претходно таквите забрани ги нарече „погрешни“. Тикток е забранет во Индија од 2020 година, а апликацијата исто така предизвика загриженост во САД, ЕУ и во Канада за наводно споделување чувствителни податоци на корисници со кинеската влада.