Контурите на облиците се мошне јасни, освен лицата на ликовите, кои тешко се препознаваат. Моне избира реалистични бои. Доминантна на преден план е зелената од вегетацијата со светли тонови. Доминантна на заднината е загасито сивкаста со придушени тонови што се наоѓаат на небото и морето
„Тераса во Сент Адрес“ е масло на платно од францускиот сликар Клод Моне насликано во 1867 година. Сликата е создадена во времето на владеењето на францускиот цар Наполеон Трети за време на Второто Француско Царство. Во овој период, многу авангардни сликари не биле прифатени од уметничките кругови, а тогаш Моне застанал на чело на група сликари што се нарекувале Анонимно друштво на сликари, вајари и гравери.
На споменатото платно, четири лица се претставени во еден предел, две стојат и две седат во преден план на свиткани столчиња. Двете лица што седат се таткото на Моне и Жана Лекадр, неговата тетка, скриена под сонцобран. Композицијата е испрекината со хоризонтални линии (работ на терасата и хоризонтот), вертикални линии (двете знамиња, луѓето во близината на балустрадата) и коси линии (ориентацијата на столчињата). Овие линии на сила даваат рамнотежа, речиси симетрија на целиот состав. Кадрирањето е широко, ликовите се впишани во нивната околина. Погледот е одозгора на ликовите, како да се набљудувани од прозорец. Во заднина, чамци пловат по водата, во правец на Авр.
Контурите на облиците се мошне јасни, освен лицата на ликовите, кои тешко се препознаваат. Моне избира реалистични бои. Доминантна на преден план е зелената од вегетацијата со светли тонови. Доминантна на заднината е загасито сивкаста со придушени тонови што се наоѓаат на небото и морето.
Моне во својата кореспонденција го именувал делото како „кинеската слика во која има знамиња“. Неговиот Реноар го именувал како „јапонско сликарство“. Во 60-тите години на 19 век, рамните хоризонтални ленти на боја на композицијата потсетувале на софистицираните јапонски отпечатоци во дрво, кои страсно биле собирани од Моне, Реноар, Вистлер и други. Се верува дека „Тераса во Сент Адрес“ е инспирирана од делото на јапонскиот уметник Хокусаи на кое е претставена сала во јапонски храм, дело што и денес се чува во куќата музеј на Моне. Сликата беше изложена на Четвртата импресионистичка изложба, која се одржа во Париз, помеѓу 10 април и 11 мај 1879 година
Сликата била купена од страна на музејот на уметноста „Метрополитен“ по аукциската продажба во Кристи во декември 1967 година.
Клод Моне – таткото на импресионизмот
Клод Моне, познат како Оскар-Клод Моне или Клод Оскар Моне, е истакнат француски уметник. Поимот „импресионизам“ доаѓа од насловот на неговата слика „Импресија, изгрејсонце“ од 1872 година, всушност Моне е еден од основачите на импресионизмот како правец во уметноста. Во почетокот на кариерата сликал пејзажи со две-три фигури, а подоцна и вистински пејзажи. Негова најпозната слика, а наедно и една од највлијателните слики во уметноста, е веќе споменатата „Импресија, изгрејсонце“. На неа е прикажано пристаништето во Авр, Франција, по пат на лабави потези, кои го наведуваат наместо да го отцртуваат делото. Моне подоцна го објаснил насловот: „Ми беше побарано да ставам наслов за во каталогот; Не можев баш да го наречам ова поглед на Авр. Затоа реков: ’Стави Импресија.’“
Моне го насликал сонцето со речиси идентична доза на блесок како и небото, околност што укажува на висока влажност како и атмосферско бледнеење на светлината. Овој детаљ се заснова на употребата на комплементарни бои и разна температура на боја, а не на промената на интензитетот на боите или контраст на вредности, за истакнување и разликување на сонцето од неговото опкружување.
Д.Ст.