Кога приготвувате слатки јадења, јајцата и чоколадото можете да ги замените со две состојки, а вкусот ќе биде совршен. При приготвувањето слатки јадења може да се случи да немате јајца или чоколадо дома. Од друга страна, ако постите, можеби сакате да најдете посни опции од овие состојки.
Јајцата не се посни, а без разлика дали постите или не, може да се случи да ги немате дома.
Со што можете да ги замените јајцата?
Земете половина банана и изгмечете ја во сад со половина лажиче прашок за печиво. Бананата ќе додаде влага, вкус и малку текстура. Таа е совршена замена ако правите леб, мафини, палачинки или колачиња.