Смоквата е специфично растение бидејќи нема цветови на гранките. Цветот всушност е внатре во плодот. Она што изгледа како семки, всушност, се ситни цветови што ги даваат тој уникатен крцкав вкус и текстура. Свежите смокви се богати со хранливи материи и во исто време релативно ниски калории, што ги прави одличен додаток во исхраната.
Смоквите се особено богати со бакар и витамин Б6.
Бакарот е есенцијален минерал вклучен во голем број телесни процеси, вклучувајќи ги метаболизмот и производството на енергија, како и во формирањето крвни клетки, врзивни ткива и невротрансмитери. Витаминот Б6 е клучен за разградување на протеините од храната и за создавање нови протеини. Исто така, игра важна улога во здравјето на мозокот. Постојат неколку начини да ги вклучите смоквите во вашата дневна исхрана. Еден од нив се смоквите во маслиново масло за детоксикација.
Потопете ги сувите смокви во тегла со маслиново масло и оставете ги да отстојат 40 дена, за кое време смоквите целосно ќе го апсорбираат маслото. Потоа секое утро, на празен стомак, јадете една смоква. Таа помага во варењето, има антиинфламаторни својства, може да го зголеми нивото на енергија и има други придобивки за срцето. Можете да консумирате смокви и на следниве начини: свежи смокви – тие се нискокалорични, идеални како ужина, а се одлични и како додаток во салати и колачи. Може да се користат и за правење џемови, намази или сосови. Сувите смокви најчесто се користат во десерти, за печени колачи. Листовите од смоква често се користат како обвивки за јадења со ориз, месо или други филови – слично како лозата. Исто така може да направите чај од суви листови од смоква.