Норманите се скандинавски морнарски народ, кои најчесто носеле туники со тесни ракави. Нивната наметка била правоаголна, а долгите чорапи се изработувале од ткаенина во една боја, додека подоцна биле воведени шарени.
Карактеристичен дел од нормандското облекување биле широки, но кратки панталони до колена, кај занаетчиите, морнарите и слугите. Норманите носеле плитки капи, кои се врзувале под брадата. Женската облека била прилепена и долга, а во горниот дел се состоела од мафорс (вел), кој ги покривал главата и рамената.



































