Американската глумица Шерон Стоун го нападна шоуменот Џо Роган дека „ги ризикува животите на луѓето со својот идиотизам“. Ова е дел од полемиката за познатиот и сега веќе прилично контроверзен радиоводител последниве денови.
– Ковидот не е прашање на мислења, а г-н Роган мисли дека неговото мнение е во прилог на одрекувањето од одговорност за животите што тој лично ги погодил и предизвикал загуби… Заразните болести се наука која се заснова на факти, така што преправањето дека тоа се мислења е опасно! – изјави Стоун за ТМЗ.
Стриминг-платформата „Спотифај“ беше критикувана за ставовите на водителот на популарен поткаст Џо Роган, кој е против корона-вакцинација кај младите и препорачува употреба на „ивермектин“ како лек за коронавирусот.
– Тој мора да издаде демант во кој ќе наведе дека е „шупак“ и дека неговото однесување е опасно и влијае на животот и смртта на луѓето! – додаде Стоун.
И други познати личности, пренесува МИА, како музичарите Нил Јанг и Џони Мичел го критикуваа Роган и ја повлекоа својата музика од стрим-сервисот „Спотифај“ во знак на протест. Платформата што му плаќа на Роган 100 милиони долари за неговата интерн ет-емисија, беше критикувана „за неуспехот да ги ублажи потенцијално опасните дезинформации“. Како одговор на критиките, „Спотифај“ додаде предупредувања за спорни вести кон содржината.