Фото: Пиксабеј

Најдолгиот и најдлабок подводен тунел во светот, тунелот Рогфаст, се копа во делот под Бокнафјорден и Квицофјорден во норвешкиот Рогаланд. Тунелот ќе биде долг 27 километри, а двете негови цевки широки десет и пол метри ќе бидат поставени на длабочина од 392 метри под нивото на морето. Тунелот ќе биде завршен во 2033 година и ќе биде најдолгиот и најдлабок подморски тунел во светот.
Норвешкиот автопат Е39 се протега од Кристијансанд на југот на Норвешка до Трондхајм на север. Возењето од почетната до крајната точка, кое денес трае 21 час, по завршувањето на овој градежен мегапроект ќе се скрати за половина и ќе го олесни животот меѓу фјордовите, кои ќе мора многу помалку да се потпираат на траекти. Норвежаните не се почетници во изградбата на подводни тунели, кои поврзуваат многу од нивните острови еден со друг или ги прават „поблиску до брегот“, а моментално најдолг е тунелот Рифилке, кој исто така е поставен на 292 метри под површината на море и со тоа е најдлабокиот тунел во светот.
Се очекува низ тунелот дневно да минуваат околу шест илјади возила. За изградбата на Рогфаст ќе се ископаат осум и пол милиони кубни метри камен, кој ќе се користи за други градежни зафати и за мелиорација на околното земјиште.
Сумата за овој мегапроект е многу висока, ќе изнесува околу 22 милијарди норвешки круни или околу 2,1 милијарди евра. Финансиите беа причина што изградбата беше запрена по првичниот датум во 2019 година, па работата продолжи и во наредните години. Очекуваниот датум на завршување е поместен од 2026 година за 2033 година.