Роверот „Кјуриосити“ на американската вселенска агенција НАСА фотографира облаци на Марс. Фотографиите во низа го прикажуваат движењето на облаците на небото на Марс, а се направени со навигациска камера на роверот. Сенките на облаците може да се видат додека го минуваа теренот и над самиот ровер. Овие фотографии не само што се неверојатни туку им помагаат на научниците да пресметаат некои важни податоци, од тоа колку брзо се движат облаците до висината на која се наоѓаат.
Научниците заклучија дека облаците се многу високи, речиси 80 километри над површината. Потоа успеаја да го дознаат и нивниот состав.
Поради екстремниот студ на споменатата надморска височина, облаците веројатно се состојат од леден јаглерод диоксид, за разлика од облаците на Земјата, кои се наоѓаат долу и кои се составени од вода и мраз.
Марсовските облаци не се изразени, тие изгледаат многу слабо во атмосферата, па научниците на НАСА мораа да користат специјални техники за снимање за да ги забележат. Овие техники вклучуваат правење неколку фотографии за да се добие статична заднина. Кога потоа ја отстранија статичната заднина, можеа да видат објекти што се движат на сликата, кои всушност се облаци.
„Кјуриосити“ веќе го потврди присуството на глина на Црвената Планета и најде праисториски оази. Роверот беше лансиран уште во ноември 2011 година и сè уште врши одлична работа.