Прометеј е антички митолошки херој, син на титанот Јапет, познат и како Еуримедон, и нимфата Климена. Според митологијата, имал тројца браќа – Атлант, Епиметеј и Менојтиј. Во војната помеѓу боговите и титаните се борел на страната на Зевс. Според античката митологија, Прометеј им го дал огнот на луѓето. Името на Прометеј значи промисленост, па затоа тој симболизира размислување и планирање пред да се преземе дејство
Занимливости
Како миленик на Зевс, врховниот бог, живеел добар и удобен живот. Долго време живеел среќно и кога поодминале години, на Зевс, кој веќе ги имал создадено луѓето, му било жал да ги гледа како живеат без неколкуте потребни дарови со кои животот ќе им бил поубав. Но Зевс не сакал да им ги даде сите потребни нешта на луѓето и затоа го испратил Прометеј да им даде некои нешта потребни во секојдневниот живот. Прометеј ги научил луѓето да зборуваат, да се разбираат меѓу себе, да прават оружја од камен, ги научил и да ги употребуваат, исто така ги научил да лекуваат со билки, ги научил кои се отровни растенија и што треба да се јаде од растенијата, а што од животните и уште многу други работи. Зевс, кога го видел тоа, малку се налутил, бидејќи им дал на луѓето толку многу неоткриени работи дотогаш непознати за луѓето. Зевс сакал да им се даваат даровите постепено, а некои да не им ги даде воопшто плашејќи се дека тогаш луѓето ќе станат непослушни. И тогаш го викнал Прометеј и му рекол да престане да им дава дарови на луѓето. Но Прометеј, иако и тој бил човек, не им го дал уште огнот, еден од најважните дарови.
Не се помирил со таа помисла сѐ додека не им го дал огнот на луѓето. Прометеј се сетил дека богот Хефест работи со оган и решил да го украде од кај него. Отишол скришум и го зел и им го дал огинот на луѓето и им кажал како се пали оган и како се користи. Зевс бил разлутен од ова што го видел и се почувствувал измамен. Решил да го измами Прометеј и да го казни и тоа да му биде како поука за уште еднаш да не го мами врховниот бог.
Се симнал и му рекол да му принесе жртва за даровите што им ги дал на луѓето. Прометеј ја сфатил Зевсовата одмазда и решил да го насамари. Заклал еден вол и во кожата од волот ги ставил лојот и сланината, а другиот дел го ставил во коските на волот и му рекол: „Пресветол Зевсу, одбери го делот што те привлекува“. Зевс го одбрал делот во кој биле завиткани лојот и сланината и се почувствувал измамен и се вратил на Олимп, а Прометеј се радувал бидејќи го насамарил Зевс. Зевс му наредил на Хефест да го зароби Прометеј на планината Кавказ. Тогаш Хефест им наредил на своите помошници Кратос и Бија, односно Моќта и Силата, да го приковаат на Кавказ. Тие го фатиле и го приковале Прометеј. Тогаш Зевс радосен ја довршувал својата одмазда. Пратил и орел да му го клука црниот дроб секој ден и откако орелот си заминувал дробот повторно зараснувал.
Една ден кога херојот Херакле трагал по златните јаболка го ослободил и го убил орелот и на Прометеевото место го ставил кентаурот Хирон, кој бил бесмртен. Под прстенот на Прометеј имало камче од карпите на Кавказ на кои бил заробен и на тој начин Зевс бил среќен мислејќи дека Прометеј живее прикован на планината Кавказ и оттогаш го сметал за еден од најголемите непријатели, а Прометеј останал да живее со луѓето и сепак бил сакан од некои други богови, додека Зевс го мразел засекогаш. Така завршува митот за Прометеј, кој му се спротивставил на семоќниот Зевс за да им помогне на луѓето. Д.Ст.
Прометеј како инспирација на многу мислители
Ликот на Прометеј извршил големо влијание врз голем број мислители. Така, Теофраст го нарекол „првиот филозоф“, додека Карл Маркс во предговорот на својата докторска дисертација напишал: „Прометеј е најблагородниот светец и маченик во филозофскиот календар.“ Српскиот поет Јован Дучиќ вели дека митот за Прометеј претставува врв во идејата за херојството, зашто тој е херој просветител, т.е. херој од највисок вид, со еден збор, тој е најголем херој меѓу сите херои на светот, зашто не е ниту локален ниту национален, туку е единствениот општочовечки херој. Исто така, тој е истовремено иноватор што се бори против старите предрасуди, носител на науката и маченик за својот идеал; како и олицетворение на љубовта кон човештвото. Исто така, според Дучиќ, христијанството претставува најголема победа на прометеизмот, а Прометеј е предок на сите антички херои и на сите христијански маченици и вистински Исус во грчкиот политеизам, како и олицетворение на творечкиот човечки гениј.