Овошјето содржи малку калории и е богато со влакна и витамини. Покрај тоа, ви дава подолго чувство на ситост, па затоа е важно за време на процесот на слабеење. Иако постои верување дека овошјето содржи големи количества шеќер и дека треба да се избегнува во процесот на слабеење, консумацијата на овошје, всушност, ги намалува тежината и ризикот од дијабетес, високиот крвен притисок и други болести.

Грејпфрут
Грејпфрутот обично се поврзува со диети и слабеење. Половина грејпфрут (околу 120 грама) содржи околу 35 калории, додека обезбедува 51 отсто од дневната вредност на витамин Ц. Има низок гликемиски индекс, што значи дека побавно го ослободува шеќерот во крвотокот.

Јаболка
Јаболката се нискокалорични и содржат многу влакна, што е добро доколку сакате да ослабете. Најдобро е да ги јадете цели за да ги намалите гладот и апетитот. Можете да ги комбинирате со разни јадења, но најдобро е да ги јадете како свежа храна.

Бобинки
Бобинките се многу популарни како додаток на разни каши. Сите видови бобинки се нискокалорични и содржат голем број хранливи материи. Тие се богати со витамини Ц, К и манган, а можат да помогнат во намалување на холестеролот, воспалението и крвниот притисок.

Овошје со семка
Коскеното овошје вклучува праски, нектарини, сливи, цреши и кајсии. Тие имаат низок гликемиски индекс и богати се со витамините Ц и А. Овој вид овошје може да се јаде како додаток во овошни салати, кашички, но и како додаток на солени јадења како што се чорбите.

Киви
Кивито е многу богато со хранливи материи, одличен извор на витамини Ц и К, фолна киселина и влакна и има значителни здравствени придобивки, каде што помага да се намали ризикот од дијабетес. Кивито може да помогне во контролата на шеќерот во крвта, да го подобри холестеролот и да го поддржи здравјето на цревата.
Лубеница и диња
Лубениците и дињите се нискокалорични и богати со вода, што ги прави одлични за контрола на тежината. Околу 150 грама од ова овошје содржи околу 50 грама калории. Тие се богати со растителни влакна и содржат калиум и витамин Ц. Меѓутоа тие имаат висок гликемиски индекс, па затоа е важна контролата на порциите.

Портокали
Како и сите цитрусни овошја, портокалите се нискокалорични, богати се со витамин Ц и влакна и многу заситуваат. Иако луѓето почесто ги консумираат цедени, всушност најдобриот начин е да ги јадат.

Банани
Некои луѓе избегнуваат банани кога се обидуваат да ослабат бидејќи содржат повеќе шеќер и калории. Меѓутоа тие се побогати со хранливи материи како што се калиум, магнезиум, манган и витамини Б6 и Ц.