Фото: Пиксабеј

Комерцијалните пчелари во Соединетите Американски Држави наскоро ќе имаат пристап до вакцина која би можела да ги спаси нивните кошници од најопасната болест со која се соочуваат пчелите денес.
Лекот е дизајниран од биотехнолошката компанија „Дејлан анимал хелт“, пишува „Сајанс алерт“.
Во 2022 година компанијата спонзорирала плацебо контролирано испитување за безбедноста и ефикасноста на вакцината, кое дало одлични резултати. Лекот не само што ги заштитил пчелите  и матицата од смрт од фатална болест (American foulbrood – AFB) при тестирањето, туку им дал имунитет и на пчелите од следната генерација преку матицата.
Додадена во храната на пчелите во кошницата, оралната вакцина се пренесува во „матичен млеч“, кој и се дава на матицата.
Глобалниот пад на популацијата на пчелите е сериозен проблем во нашиот модерен свет. Само во САД, интензивните техники на земјоделство, штетните пестициди и климатските промени, меѓу другите фактори, довеле до пад на популацијата на пчелите од 90 отсто од 1962 година, што предизвикало „глобална криза со опрашувачите“.
Една неодамнешна студија на Универзитетот Харвард, објавена во декември минатата година, покажала дека несоодветното опрашување го намалува глобалниот принос на овошје, зеленчук и јаткасти плодови за 3 до 5 отсто.
Како резултат на тоа, може да има 427.000 прекумерни смртни случаи заради нарушено здравје, а многу луѓе ќе настојуваат да пристапат до опциите за здрава храна.
Интересно е тоа што во моделите што ги користат истражувачите од Харвард, земјите со ниски приходи би изгубиле значителен приход како што се намалуваат приносите на земјоделските култури, со можно намалување до 30 отсто од нивната вкупна земјоделска вредност.
Студијата е објавена во „Енвајроментал хелт перспективс“.