Многу луѓе го започнуваат секој ден со шолја кафе за да се разбудат, но постои еден пијалак што ќе ве разбуди побрзо од кафето. Сè што ви е потребно за да го приготвите овој пијалак се три добропознати состојки – јаболко, лимон и вода. Јаболкото и лимонот имаат многу придобивки што влијаат на нашето здравје, како и на процесот на слабеење.
Јаболката содржат големо количество влакна. Влакната го забавуваат варењето и даваат чувство на ситост. Исто така јаболкото има низок гликемиски индекс, што значи дека нема да ви го зголеми шеќерот во крвта. Тие се познати и како природен извор на пектин, растворливи влакна што ја движат храната низ вашиот дигестивен систем.
Лимонот е одличен за детоксикација на телото, помага при излачување течности и отстранување на целулитот. Познат е и како нискокалорична намирница што ќе ја забави апсорпцијата на мастите во вашето тело. Има висока содржина на витамин Ц, кој ќе го зајакне вашиот имунитет.
Во сад со вода ставете два лимона и три јаболка исечкани на крукчиња. Оставете сето тоа да зоврие. За тоа време, на дното на бокал ставете еден исечкан лимон и едно јаболко. Кога смесата во садот ќе зоврие, извадете го овошјето на чинија и истурете ја водата во бокалот. Оставете да се излади и потоа консумирајте.