Фото:Приватна архива

Големиот јубилеј, 30 години постоење, членовите на „Реквием бенд“ го одбележуваат работно. Неодамна ја промовираа својата нова песна, баладата „Не се предавај“, а деновиве се актуелни со баладата „10 години“. И девте нумреи ќе се најдат на нивниот нов албум што е во подготовка.

– Албумот се снима паралелно, во студиото на Дарко Тасев (гитари и аранжмани), додека целата продукција се прави кај Кристијан Габроски. Комплетен автор на текстовите сум јас, аранжманите се на Дарко Тасев и Филип Каровски. Една песна е кавер на познат кантри хит, а 90 отсто од музиката е од американски автори. Станува збор за една група композитори кои прават музика во американски јужњачки рок стил кој што јас, а воедно и Дарко Тасев, многу го сакаме уште од одамна. Под секоја песна ќе бидат објавени композиторите, а конкретно „10 години“ ја потпишуваат Арон Ли и Џош Мартин – ни откри пејачот на бендот од првиот ден, Георги Гавровски, познат меѓу колегите како Гого Реквием.

Тој е единснтвен член од првиот состав на бендот. Поранешни членови се : Роберт Пирнер и Милован Станковиќ, а освен Гого денес во групата членуваат и: Југослав Милановски (од 2001) и Филип Каровски (од 2021 година).

Новиот носач на звук има работен наслов „Не се предавај“, песната која допре до многумина.

За нив ќе има само текстуални спотови.Инаку, „Не се предавај” е работен наслов на албумот.

– „Не се предавај“ е делумно автобиографска песна скоро на секој од нас, па така и јас се наоѓам во неа. Но новата балада „10 години“ е една љубовна приказна во која што веруваме дека ќе се пронајдат исто така голем број слушатели – вели Гого Реквием.

Тој најави дека на 17 септември песните од новиот албум ќе бидат достапни до слушателите, а има шанси да се направи и еден концерт по повод јубилејот, со сите поранешни и сегашни членови на групата. М.Та