На изборот за „Мис на Медитеранот 2023“, што се одржа минатиот викенд во Киренија на Кипар, македонската претставничка Мија Стерјовска направи голем успех со победата во конкуренција на 20 девојки од исто толку држави од Медитеранот. Титулата прва придружничка ја освои претставничката на Гибралтар, а втора придружничка е девојката од Шпанија.
Финалето во организација на „Аја продакшн“ (Aya Production) од Либан, се одржа во прекрасниот амбиент на хотелот „Les Ambassadeurs# во Киренија, на самиот брег на Средоземното Море, каде девојките беа сместени и се подготвуваа.
Мија Стерјовска е член на моднато судио „Црнокрак“, кое учествува на овој интернационален избор за убавина веќе 20 години. Ова е шести пат како негови девојки освојуваат победа на изборот „Мис на Медитеранот“!