Фото: Пиксабеј

Една неодамнешна студија објавена во „Џурнал оф неуросајенс“ открива вчудовидувачка последица од лишувањето од сон – мозокот почнува да ги разградува сопствените здрави клетки. Истражувачите откриле дека долготрајната будност ги активира астроцитите, клетките одговорни за одржување на мозокот, до прекумерно прекинување на синапсите, додека со микроглија – имуните клетки на мозокот стануваат хиперактивни, што доведува до воспаление.
Овие процеси вообичаено имаат заштитна улога, помагајќи да се отстранат оштетените или непотребните клетки, но кога сонот станува недоволен или хронично е прекинат, истите овие процеси може да го забрзаат оштетувањето на невроните. Имено, кога сме будни подолго време, организмот влегува во стресна состојба, а овие клетки, кои инаку би дејствувале како заштитници, почнуваат да ги уништуваат здравите мозочни клетки, што може да доведе до сериозни последици по нашите когнитивни функции.
Иако може да изгледа дека квалитетот на сонот зависи само од тоа колку одморени се будиме, новото истражување покажува дека квалитетниот сон е клучен за одржување на здравјето на мозокот на долг рок. За време на спиењето мозокот има способност да се исчисти од токсините што се акумулираат во текот на будноста, како и да се регенерира на начин што е неопходен за неговата функционалност.
Без доволно сон, овие процеси се нарушени, што може да доведе до значително влошување на менталните способности. Ако ја игнорираме важноста на спиењето, последиците можат да бидат далекосежни и неповратни, бидејќи мозокот, кога е премногу исцрпен, веќе не е во состојба целосно да се регенерира и се јавува хроничен когнитивен пад. Научниците истакнуваат дека давање приоритет на квалитетен сон може да биде една од најдобрите работи што можеме да ги направиме за нашиот ум.
– Спиењето е најефикасното нешто што можеме да го направиме за да го ресетираме здравјето на нашиот мозок и тело секој ден – вели неврологот и истражувач Метју Вокер.