На 51. издание на фестивалот „Студентско лето“ во Маглај, Бих, во поп вечерта третонаграден е младиот македонски пејач Мите Стоилков од Скопје, од страна на меѓународното новинарско жири на фестивалот.
Мите Стоилков ја отпеа песната „Соната“ од Здравко Чолиќ и во неговата интепретација уживаше многубројната маглајска публика.
На фестивалот гоинава во поп вечерта настапија четворица млади македонски пејачи: Огнен Здравковски, Дамјан Стојменовски, Никола Зацески и наградениот Мите Стоилков.
– Првпат учествувам на овој фестивал и чест и задоволство ми е што настапував со ваков оркестар и пред ваква прексрасна публика. На фестивалот на и зад сцената владее убава атмосфера и сите меѓусебно се дружиме што е многу поцажно од наградите, иако секако чест ми е што сум добитник на награда од новинарското жири – рече Стоилков непосредно по соопштувањето на наградите. Ф.Д.