Култниот состав „Масив атак“ синоќа одржа концерт од светски рамки на стадионот на АРМ. Прецизни и совршени и во вокалната и во звучната изведба, скопјани имаа можност да уживаат во еден од најголемите бендови на денешницата.
„Angel“, „Teardrop“, „Protection“, „Unfinished Symphony“, „Inertia Creeps“ беа само дел од песните кои можеше да ги чие скопската публика.
Пред нив настапи македонската млада ѕвезда Диша Јашари, која сосема шармантно даде вовед пред настапот на култниот бенд.
Настапот беше во рамките на фестивалот „Скопје колинг“.