Фото: Пиксабеј

Маслото од ленено семе е ефикасно против запек и ја подобрува еластичноста на артериите. Оревите го намалуваат ризикот од срцеви заболувања. Семето од лен има поволен ефект врз здравјето бидејќи обезбедува протеини и влакна, поттикнува намален апетит и често се користи во диети. Затоа не е чудо што маслото од ленено семе исто така е добро за здравјето.
За разлика од маслото од семки од грозје, ова масло е многу побогато со омега 3 масни киселини. Утврдено е дека една лажица (15 мл) содржи дури 7,2 мг омега 3 масни киселини. Ова количество ги задоволува, а дури и ги надминува дневните потреби.

Маслото од ленено семе содржи алфа-линоленска киселина

Маслото од ленено семе содржи алфа-линоленска киселина, облик на омега 3 масна киселина што во мали количества се претвора во активни форми на омега 3. Омега 3 масните киселини се вистински борци против инфламаторните процеси, го подобруваат здравјето на срцето и го штитат мозокот од стареење. Во едно истражување, употребата на една лажица масло од ленено семе за време на 12 недели довело до значително намалување на нивото на крвниот притисок. Маслото од ленено семе исто така може да ја подобри еластичноста на артериите. Маслото од ленено семе може да биде ефикасно при запек и ја зголемува активноста на движењата на цревата. Истиот ефект го дава и маслиновото масло.

Рафинираното масло од кикиритки е без мирис

Маслото од кикиритки, пак, е популарно и се користи за готвење, особено за пржење. Маслото од кикиритки се користи низ целиот свет, но најмногу во Кина, Јужна Азија и во Југоисточна Азија. Иако маслото од кикиритки има некои здравствени придобивки, исто така има и некои значајни недостатоци. Рафинираното масло од кикиритки е без мирис. Најмногу го користат рестораните за пржење храна како пилешко и помфрит. Ладно пресуваното масло од кикиритки, преку процесот на цедење на ниски температури, задржува повеќе вкусови и има повеќе хранливи состојки од рафинираното масло. Содржината на масни киселини во маслото од кикиритки е 20 проценти заситени масти, 50 проценти мононезаситени масти и 30 отсто полинезаситени масти.
Основниот тип мононезаситени масти што се наоѓа во кикиритките се нарекува олеинска киселина или омега 9. Исто така, содржи големи количества линоленска киселина, вид омега 6 масна киселина, и помали количества палмитинска киселина, заситена маст.
Големото количество омега 6 масти, кое го содржи маслото од кикиритки, не е најпосакувано и тоа е еден од минусите на ова масло. Овие масти се поврзуваат со различни здравствени проблеми. Сепак, ова масло содржи и добро количество полинезаситени масти, кои се помалку стабилни при високи температури. Маслото од кикиритки се користи за намалување на холестеролот и има влијание на намалување на апетитот како помош во диетите. Исто така, маслото од кикиритки е добар извор на витамин Е, антиоксидант што има многу здравствени предности, како што е заштита на телото од оштетувања на слободните радикали.