Фото: Пиксабеј

Кучињата со плоскато лице се популарни, но нивното чување предизвикува сè повеќе проблеми. Дури 93 отсто од сопствениците повторно би ја избрале таа раса поради нивната верност и пријателство, но едно истражување покажа дека однесувањето на кучињата повеќе зависи од дресурата отколку од генетиката. Кучињата со кратка муцка се помирни и похрабри, но потешки за дресура.

Факторите од околината

Факторите од околината, како што се недостигот од обука и простор за живеење, влијаат на однесувањето на овие кучиња. Но нивната популарност сепак има своја цена, грижата за миленици со брахиоцефално лице е тешка затоа што тоа има и здравствени последици. Во новата студија, истражувачите решија да утврдат дали разликите во личноста на миленичињата навистина се последица на обликот на лицето на брахиоцефалните кучиња. Тие открија дека кај кучињата со плоскато лице гените го определуваат однесувањето, но дресурата и воспитувањето се поважни од генетиката.
Истражувачите спроведоа две анкети меѓу 5.000 сопственици на домашни миленичиња. Првата испитувала четири карактеристики: смиреност, способност за дресура, социјализација и храброст (самодоверба), додека втората оценувала 12 проблеми во однесувањето. Во својата анализа, истражувачите се фокусирале на четирите најчесто пријавувани типови однесување: скокање на луѓе, повлекување, претерана реакција кога доаѓаат гости и непослушност. Откриено е дека кучињата со кратки муцки се помирни и посмели од кучињата со издолжени, но имаат и свои проблеми: потешко се дресираат, претерано реагираат на гости и не доаѓаат веднаш на повик на сопственикот. Сепак, генетиката не е единствениот фактор што игра улога. Истражувачите откриле дека постојат неколку вообичаени фактори од околината што придонесуваат за ваквото однесување. Овие кучиња често се чувале исклучиво како семејни придружници, немале никаква формална обука, биле сместени исклучиво во затворен простор, имале дневни прошетки пократки од еден час и им било дозволувано да лежат во креветот на сопственикот. Нивните сопственици најчесто спаѓале во старосната група од 19 до 30 години. Овие фактори на околината можат да предизвикаат одредени проблeми.

Дали формата на главата го определува однесувањето?

Кога истражувачите спровеле статистички анализи, откриле дека одредени фактори не се всушност поврзани исклучиво со обликот на главата. Ниската способност за дресирање на кучињата со плоскато лице главно е последица на големината на нивното тело и недостигот од дресура, а не на формата на главата. Изгледа дека само неколку особини во однесувањето на кучињата зависат од формата на нивната глава. Смиреноста, смелоста и лошата реакција на команди се особини специфични за кучиња со кратки муцки. Тие се директно поврзани со формата на главата и остануваат значително видливи дури и кога се контролираат заднинските фактори.
Тоа може да биде затоа што овие кучиња имаат заоблен мозок, што може да доведе до различна регулација на однесувањето. Нивното лошо здравје исто така може да придонесе за тоа: кучињата со отежнато дишење, болка или мускулно-скелетни проблеми помалку се движат, а сопствениците го толкуваат тоа како мирно однесување. Без оглед на тоа колку гените можат да го прават кутрето мирно, заклучокот на истражувачите е дека обуката е најважна. Дури ни позитивните генетски својства не можат да дојдат до израз без вистинско опкружување. Па тоа важи и за брахицефалните кучиња. Правилната дресура, а не попуштањето, е неопходна за негување на позитивното однесување. Имајќи ја предвид растечката популарност на овие раси, и покрај нивните документирани здравствени предизвици, важно е подобро разбирање на нивното однесување преку одговорно сопствеништво и практики на обука, што на крајот би придонело за долгорочната добросостојба на овие кутриња.