Комичарот Крис Рок, кој беше еден од доделувачите на годинашните „Оскари“, со својот хумор ја навреди глумицата Џејда Пинкет-Смит и нејзиниот сопруг Вил Смит. Тој пак, веднаш потоа отиде до сцената и му удри шлаканица на својот колега, со што многумина сметаат дека инцидентот беше исцениран.
– Не ја спомнувај жена ми – извика Смит.
Шегата на Рок за „Џи Ај Џејн“ се однесуваше на доста кусата коса на Џејда. Западните медиуми потсетуваат дека таа и претходно говореше за своите проблеми со алопеција.
Доделувачот го прогласи документарецот на годината.
Вил Смит пак, кусо потоа го доби одличјето за најдобар глумец за улогата во „Кралот Ричард“, па во говорот, со солзи, сепак говореше за љубовта меѓу луѓето – особено меѓу својот народ. Тој притоа напомена и дека по своевидниот скандал, актерот Дензел Вашингтон го повикал и го потсетил да се смири, оти „во најважните мигови ѓаволот доаѓа по своето“, како што му рекол дека обично бидува.
Брачната двојка Смит подолго време е во незавидни односи со Крис Рок.