Главните кинески стриминг-платформи го цензурираа ЛГБТ-заплетот во популарната американска телевизиска серија „Пријатели“, што ги наведе обожавателите да го изразат својот гнев на социјалните мрежи.
Во првата епизода избришани се разговорите што се однесуваат на бившата жена на Рос, Керол Вилик, која од него се развела кога сфатила дека е лезбејка. И другите разговори што биле сексуално сугестивни исто така се отстранети.
Во оригиналната верзија, Рос споменува дека за Керол постоела само една жена и оти таа го остава заради пријателката Сузан Банч, додека неговиот пријател Џои го прашува дали досега забележал дека таа повеќе ги сака жените од мажите?
Серијата во која глумат: Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Мет Лебланк, Метју Пери и Дејвид Швимер, кои се шестмина пријатели што живеат
заедно во Њујорк, исклучително е популарна во Кина со огромен број верни обожаватели. Серијата „Пријатели“ е претставена на кинеските платформи „Сохо видео“ и „АјЧии“ без никаква цензура и истите епизоди беа достапни за гледање сѐ до истекот на договорот за прикажување во 2013 година.