Русија

Дваесетгодишната уметница по име Алекса, која на Твитер се крие зад профилот КриптоТеа, замислила како би изгледале различни земји во светот ако се претстават како жени, при што била користена вештачка интелигенција.
– Сакав да ја тестирам вештачката интелигенција и да видам дали таа може да ги собере карактеристиките на различни луѓе низ светот, но и културите – како што и направив. Секогаш сум во потрага по нови револуционерни технологии што ќе го променат начинот на кој живееме. Првпат бев фасцинирана со вештачката интелигенција кога ЧетГПТ стана јавен, а како уметник со моите НФТ-колекции бев воодушевена кога дознав дека можеме да користиме вештачка интелигенција за да создадеме уметност – додаде Алекса, која гледа неискористен потенцијал за уметност во можностите на вештачката интелигенција.
Таа не би била изненадена доколку следната генерација на влијателни и креатори на содржини се уметници што работат со вештачка интелигенција.
– Замислете вештачка интелигенција што ја проучува секоја објава на Инстаграм и знае што го поттикнува најдобриот ангажман и што сакаат да слушнат луѓето – светот се менува пред нашите очи – вели таа.
На сликите може да се види како Алекса и вештачката интелигенција ги замислуваат различните земји како жени.