За прв пат во Македонија се одржa настанот „Маж на годината 2018“ на којшто беа доделени признанија и награди на најуспешните мажи во Македонија. Како официјален автомобил на настанот, британскиот премиум SUV Jaguar F-Pace ги пречека “Mажите за 2018 година“ .
F-Pace е првиот SUV од Jaguar кој ги соединува спортската управливост и драматичната убавина со секојдневната практичност и ефикасност. Дизајниран со смел изглед, Jaguar F-Pace e конструиран како SUV со неверојатни перформанси и намена за сите услови. Напредната технологија на Jaguar F-Pace нуди спектар од системи коишто го збогатуваат доживувањето при возење и се грижат сите патници во возилото да бидат безбедни. Алуминиумската констукција со мала тежина нудат префинетост, ефикасност и спортски перформанси. Од неговото лансирање, Jaguar F-Pace стана најбрзо продаваниот автомобил од Jaguar, освојувајќи повеќе од 70 награди а беше прогласен и за Светски автомобил и Светски автомобилски дизајн за 2017 година.
Изборот на “Mажите за 2018 година“ беше направен во неколку категории, разгледувајќи ги повеќето аспекти од животот, лични и професионални достигнувања во изминатата година. На гала вечерта која што се одржа во присуство на голем број јавни лица од бизнис секторот, политиката и јавниот живот, наградени беа 10-те најуспешни мажи за 2018 во Македонија.
Повеќе информации за возилото побарајте на официјалната страница на Jaguar.