Галеријата „Пионери“ ја пречекува празничната сезона со отворање на самостојната изложба на деветгодишниот Вук Петрушевски, на 14 декември (сабота) во 13 часот.
– Повелете на дружење со „Сите мои животни“ и уживајте во магичното патување низ цртежите на талентираното дете уметник Вук. Тој е деветгодишен талентиран уметник што твори од својата најрана возраст. Тој и денес создава дела што вистинските познавачи на експресивната уметност би ги закачиле на ѕид, а допрва со нетрпение ги очекуваме неговите позрели фази – порачуваат од галеријата „Пионери“.
Според нив, вистинско уживање е да се работи со млади креативни луѓе полни со ентузијазам и движечка енергија.