Мислењата се поделени по претставувањето на кандидатите
Саботното претставување на шесте селектирани песни кои ќе се натпреваруваат на националниот избор за македонски претставник на годинешното издание на „Евровизија“ предизвика поделени мислења во македонската јавност, судејќи според коментарите на социјалните мрежи.
Кој е вашиот фаворит за македонски претставник на Евровизија?
Во дел од коментарите имаше поддршка и пофалби за песните, но истовремено во голем број на мислења бeше изразено незадоволство поради најразлични причини. Ова претставува слична ситуација како и изминатите години кога станува збор за македонското учество на музичкото натпреварување. Можат да се забележат комплименти и навреди, определба за одредени кандидати и препирки, а дел од „поплаките“ се однесуваат и на тоа што сите кандидати пејат на англиски.
Све е ок со интернет гласањето за песна за Евровизија, ама сепак треба да оди тој што најдобро звучи во живо, а каде може да чуеме како звучат во живо? Иначе сите песни се добри
— Скрачи (@Skraci) January 29, 2022
Моментално ги гледам и слушам на мрт1 песните од кои ќе се избере преставник за на евровизија. Веќе пола пројдоа и ниедна не е испеана на македонски јазик.
Ќе гласам за песна на македонски испеана, ако има таква затоа што тоа е и целта кога ја преставуваш државата.— Интегрален (@Santimo22052092) January 28, 2022
Сакам да гласам за песна за евровизија ама страв ми е да не згрешам
— 100Marki (@100deutschemark) January 30, 2022
више не им е гајле кого праќамо на Евровизија, а и не треба да им биде
— Тетоец (@Tetoevsky) January 31, 2022
многу хејтате, ко за луѓе што не гледаат евровизија.
— Monada (@darlingmonada) January 30, 2022
Пак почнува хаосот со Евровизија. Изгледа никогаш нема да излеземе од тој пеколен круг.
— Red (@Fingerprint83) January 29, 2022
Се разбудив со немир. Кога глеам па почнале муабети за евровизија. Ќе се одјавам кажете кога ќе заврши. Не можам да сфатам дека уште даваме простор на оваа не знам како да ја наречам парада на кичот и невкусот ваљда.
— andon.ru??? (@andon_ru) January 29, 2022
Шесте македонски кандидати за „Евровизија“ се Калина Велковска – Кали со „Love and Light“, Јон Ајдини – Јон Ајди со „Dreams”, Лара Иванова со „Flower of Sorrow”, Виктор Апостоловски со „Superman“, Андреа Коевска со „Circles” и Борис Цветановски – Рис Флауер со „Flying to Berlin”.
Онлајн-гласањето почна завчера, а ќе трае до 4 февруари. Победникот ќе се бира според онлајн изборот и гласовите на меѓународното стручно жири, во сооднос 50-50 проценти.
Годинашниот избор ќе се одржи во Торино, Италија, во мај. Македонија ќе настапи на втората полуфинална вечер, на 12 мај.