Вечерва се одржа првата полуфинална вечер од Евровизија.
Откако беа претставени сите 15 изведувачи, следеше гласање, а годинава имаше одредени промени на тој план, па можеа да гласаат и претставници на земји кои годинава не се натпреваруваат.
Хрватска, Молдавија, Швајцарија, Финска, Чешка, Израел, Португалија, Шведска, Србија и Норвешка, се пласираа во финалето.
Следната полуфинална вечер е задутре, а финалето е в сабота.