Фото: Фејсбук/Нуркачки центар „Амфора“

Нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид, со поддршка на волонтерите на Црвен Крст – Охрид, во Музејот на вода традиционално и оваа година ја накитија подводната новогодишна елка и на сите граѓани на Македонија им ја честитаат новата 2024 година.

Фото: Фејсбук/Нуркачки центар „Амфора“

Како и секоја и оваа нова 2024 година нуркачите од „Амфора“ им ја посветуваат на децата со ретки болести со желба за здравје, успех и срќно детство.

Фото: Фејсбук/Нуркачки центар „Амфора“

Посетителите на Музејот на вода ќе можат да ја видат елката, од денес, па се до крајот на јануари.

Фото: Фејсбук/Нуркачки центар „Амфора“