Веројатно не би очекувале дека едно од најсувите места во светот е дом на различни води и едни од најопасните во светот, но тоа е така. Високо на Андите во Чиле, мочуриштата во Атакама се дом на некои од најотпорните бактерии во светот, бидејќи тие преживуваат во токсични езера исполнети со сол, литиум и арсен.
Научниците од францускиот национален центар за научни истражувања, заедно со колегите од универзитетот „Антофагаста“ во Чиле, сега истражуваат микроорганизми за да откријат како тие преживуваат во овие услови, а сѐ со цел да се борат против загадувањето со пластика.
Тимот истражува 15 солени езера и зема примероци од лагуни и гејзери, а потоа продолжува кон солените кристали, топлите извори и црвените води, но имајќи ги предвид експлоатацијата на литиумот и штетата што ја предизвикал.
Голем дел од загадувањето доаѓа од фактот дека е потребна многу вода за да се извлече литиум, а тоа влијае на многу екосистеми, што овој тим исто така се обидува да го долови.
Научниците се надеваат дека во иднина пластиката ќе може да се разградува со помош на екстремофилни бактерии, што би требало да доведе до нови и побезбедни начини за борба против загадувањето со пластика.