Двете македонски претставнички влегоа меѓу десетте најубави и се закитија со титули на изборот за „Мис на Европа“, во големото финале за 2022 година што се одржа вчеравечер во хотелот „Хилтон“ во Бејрут, Либан.
Мија Стерјовска беше прогласена за втора придружничка, а Ана Брзанова за „Мис пријателство“. Победи претставничката на Србија, а титулата прва придружничка ја освои девојката од Шпанија. И Мија и Ана се членки на Модното студио „Црнокрак“.
Финалистките од цела Европа 15 дена претстојува во Бејрут, каде што се подготвуваа за големото финале.