Штипјанецот Дејан Тасев со музика се занимава веќе десетина години, но се чини токму овој период за него е најуспешен досега. По настапот на „Макфест 2021“, каде ја отпеа „Каде беше ти“, со која ја освои публиката, но и виоск пласман, тој заедно со Александар Здравков ја сними и „Европско од сон“, химната на македонските ракометари за Европското првенство, а деновиве е актуелен уште со една нова песна со интересен наслов.
Станува збор за „Крчан“, која е негово авторксо дело, а во нејзината реализација како аудио и видеозапис учетсвуваа неколкумина негови добри пријатели и колеги.
– За оние што не знааш што значи „крчан“, тоа е она што други го нарекуваат „кочан“ или „грч“ студено. Песната ја напишав пред осум години и ми стоеше во фиока се досега, а инспириција ми беше една студена зима како оваа. Една зимска вечер, ја земав гитарата во рака, почнав да свирам и прозвучи „Крчан“. Сите кои ја слушнале реагираат на нејзините добри вибрации. Текстот и музиката се мои, а аранжманот го направи Владимир Дојчиновски – Дојчин. Никола Јанков – Коки со својата виолина направи вистинска атмосфреа, а Ивица Јорданов со гитарата само го надополни комплетниот впечаток. Одлично се вклопија и Андреј Андонов, кој свиреше бас и Благој Андонов на тапани. Сите се мои стари пријатели и соработници, а се надевам така ќе биде и во иднина, бидејќи најдобро се соработува со истомисленици, со луѓе кои ги почитуваш и на кои им веруваш – ни рече Дејан Тасев.
Интересниот спот за „Крчан“, во кој учествуваше и манекенката Лиле Манева, го режираше Дарио Јанковиќ.
Дејан има во план да реализира уште песни наскоро, но како што вели, прво сака да и даде предност на новата песна „Крчан“ да допре до слушателите. М.Т.