Cygnus falconeri е изумрен џиновски лебед од епохата плеистоцен, а неговите фосили се откриени на островите Сицилија и Малта. Врз основа на анализите, научниците претпоставуваат дека овој лебед тежел околу 16 килограми и имал распон на крилјата од околу три метри. Се претпоставува дека овој изумрен џиновски лебед бил потежок и повисок од џуџестите слонови што живееле во овој регион. Поради неговата големина, научниците веруваат дека можеби не летал. Денес се верува дека џиновскиот лебед не исчезнал поради појавата на современиот човек, туку поради екстремните климатски промени, како и појавата на нови предатори. Фосилини остатоци од џиновскиот лебед се изложено во музејот „Ар-Далам“ на островот Малта.