Црквата е изградена по иницијатива на локалните жители на селото Подгорци на старо вакафско место. Изградбата започнала во 1924 година, а завршила една година подоцна во 1925 и истата година била осветена. Црквата е во правоаголна едноставна форма со апсида напред, но тогаш не е фрескоживописана. Црквата му е посветена на Јован Владимир, средновековен владетел на Дукља, кој во еден период бил заробен од македонскиот средновековен цар Самуил. Во Преспа, тогашен главен град на Самоиловото Царство, во него се вљубува Самуилова ќерка, Теодора Косара, која го замолила својот татко да ѝ дозволи да се омажи за Владимир. Цар Самуил му ја дал Косара на Владимир за жена и го вратил во Дукља како негов вазал. Трагично му завршува животот по распаѓањето на Самоиловото Царство. Така завршува неговиот овоземен живот, но станува светител и го продолжува животот во царството небесно
Занимливости
Црквата „Свети Јован Владимир“ е изградена по иницијатива на локалните жители на селото Подгорци на старо вакафско место. Изградбата започнала во 1924 година, а завршила една година подоцна во 1925 и истата година била осветена. Црквата е во правоаголна едноставна форма со апсида напред, но тогаш не е фрескоживописана. Црквата му е посветена на Јован Владимир, средновековен владетел на Дукља, кој во еден период бил заробен од македонскиот средновековен цар Самуил. Во Преспа, тогашен главен град на Самоиловото Царство, во него се вљубува Самуилова ќерка, Теодора Косара, која го замолила својот татко да ѝ дозволи да се омажи за Владимир. Цар Самуил му ја дал Косара на Владимир за жена и го вратил во Дукља како негов вазал. Трагично му завршува животот по распаѓањето на Самоиловото Царство. Така завршува неговиот овоземен живот, но станува светител и го продолжува животот во царството небесно.
Денес, по сто години од изградбата, црквата „Свети Јован Владимир“ е фрескоживописана, благодарение на зографот Тони Милцов, кој во текот на 16 месеци ги изработи фреските. Според него, фреските се оригинална изведба и се работени со многу голема желба.
– Има фрески што не постојат, начин на сликање што јас овде не го имам видено во регионот. Во многу цркви работев, вакво нешто нема, посебно житието на Св. Јован Владимир каде што нема никакви прегради. Фреските се поврзуваат. Заедно со професорот Сашо Цветковски најдовме решение како да се направи тоа и излезе многу убаво. Има фрески што не постојат, ги комбиниравме од две, три. Наумив да направам нешто за кое и јас сам се чудам како го истерав докрај. Но, ете, успеав. Се надевам дека оставам добар пример за идните генерации, кои доаѓаат, дека сѐ е можно – вели Тони Милцов.
Како ктитор на црквата се јавува и Владимир Пупиноски, кој вели дека му причинува огромно задоволство што по три години како ктитор на оваа црква „Свети Јован Владимир“, успеал со поддршка на луѓето околу него да го финализира и конечно да го фрескописа овој храм, да го уреди просторот и да ја реновира црквата, која е единствена во Македонија.
– Моите предци и корени се од Вевчани и Подгорци, тоа е една дополнителна сатисфакција, покрај тоа што го носам и името на светителот. Премногу сум задоволен што можев и луѓето од Црковниот одбор од Подгорци ми дадоа шанса да учествувам со уредување на овој храм. Го реставриравме и иконостасот. На предниот дел од црквата ќе стои мозаик, кој го прави многу добар уметник од Вевчани, Коста Костоски. Се уредија целото дворно место, оградата, внатрешниот дел, кујната и составните делови за црквата да си го добие својот амбиент и стварно заличува на едно убаво катче како што му доликува на ваков храм – вели Пупиноски.
Тој исто така упатува огромна благодарност и до проф д-р Сашо Цветковски, дописен член на МАНУ, кој го изработил елаборатот, како и до Дарко Стрезоски, за кој вели дека несебично се вложил, и до сите луѓе што помогнале во реализација.
Култот кон Свети Јован Владимир е доста раширен и кај нас и на Балканот, вели Дарко Стрезоски, организатор на проектот. Традиционално тука секогаш се собирал народ на таканаречени софри. Секоја фамилија си имала свој дел околу црквата каде што се собирала и организирала ручек. Тоа преминало во кумство. На 4 јуни се собира народот не само од Подгорци туку и од соседните места. Во наредниот период очекуваме поголем прилив на туристи и посетители, кои ќе доаѓаат да ја посетат црквата посветена на Св. Јован Владимир во Подгорци, додава Стрезоски. Д.Ст.