Фото: Пиксабеј

Животни

Тренерот на кучиња Вил Атертон од Велика Британија во своето вирално видео на Тикток открива кои се најнежните раси што им ги препорачува на идните сопственици. Како што објаснува во видеото, тој често во текот на својата кариера им помагал на луѓето да ја изберат расата што најмногу ќе одговара на нивниот карактер.
Повеќето луѓе барале раса што не е агресивна и склона кон ризично однесување, туку е опуштена и доста нежна. Во таа категорија, Вил ги предлага расите: грејхаунд, њуфаунленд и кавалиер кокер шпаниел.
Во категоријата крупни кучиња посебно е издвоена расата њуфаунленд. Мажјаците тежат меѓу 60 и 70 килограми, додека женките меѓу 45 и 55 килограми. И покрај тоа, Вил истакнува дека тоа е најопуштената и најнежна раса во категоријата. Понатаму, според искуството на Вил, кавалиер кокер шпаниел е идеална раса за оние што бараат помало куче, кое е доста мирно.
– Тие речиси никогаш немаат сериозни проблеми со однесувањето, тие се многу мили, лесни за тренирање и едноставно се одлична раса за сите идни сопственици – објасни тој.