Фотографии: „Амфора“

Традиционално нуркачите од „Амфора“ ја украсија подводната елка во Охридско Езеро

Традицијата продолжува. Нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид, со поддршка на волонтерите на Црвениот крст – Охрид, традиционално и оваа година во Музејот на вода ја накитија подводната новогодишна елкa на дното на Охридско Езеро.
Традиционално на овој начин тие на сите граѓани на Република Македонија им ја честитаат 2024 година
Како и секоја година, така и оваа 2024-та нуркачите од „Амфора“ им ја посветуваат на децата со ретки болести со желба за здравје, успех и среќно детство.
Посетителите на Музејот на вода ќе можат да ја видат елката од денес, па сѐ до крајот на јануари.
– Оваа подводна елка, која стана наша традиција, ја посветуваме за една подлабока цел. Веќе неколку години по ред ја украсуваме за децата со ретки болести, со желби за добро здравје, навремена дијагноза и достапност на лековите, кои значат живот за нив. Бидејќи во нивниот живот полн со предизвици најпотребна им е нашата поддршка. Исто така веќе со години настанот на китење на подводната елка како една своевидна атракција има големо значење за промоцијата на Охрид. Нуди причина плус да се посети Музејот на вода. И среќни сме и горди што инициравме и други балкански земји да за почнат оваа традиција – изјави Јован Секуловски, претседател на нуркачкиот клуб „Амфора“.
Весникот „Нова Македонија“ уште од првиот ден ја поддржува оваа прекрасна традиција.

С.Ј.