Викендов во Банско, Бугарија, се одржа изборот за убавина за деца и тинејџери „Литл мис енд мистер галакси“ и „Мис енд мистер тин галакси 2023“.
Во конкуренција на тинејџерки од 15 до 18 години нашата држава ја претставуваше 17-годишната Анастасија Павличек од Куманово, која направи голем успех освојувајќи ја титулата во конкуренција на претставнички од целиот свет.
Анастасија е членка на модното студио „Црнокрак“, кое веќе 10 години ја поседува лиценцата за Македонија за овој интернационален избор за убавина и кое и беше поддршка на нашата Анастасија во Банско, а во жирито меѓу останатите национални директорри и познати личности се најде и Светлана Црнокрак, како и малата Нина Црнокрак, како победничка на минатогодишниот избор за Мала мис галакси 2022 (Little Miss Galaxy 2022). Инаку, жирито беше составено од минатогодишните победнички на овој избор.
Фото: Студио „Црнокрак“