Најпопуларните дестинации во ерата на пандемијата
Во претходните години, „Еуромонитор“ ги рангираше светските градови според критериумите за квалитетот на животот, економијата и инфраструктурата, а оваа година беше лансирана нова листа за да се оцени одговорот на светските метрополи на пандемијата на ковид-19, а на чело на листата на топ 20 дестинации се наоѓа градот Париз.
Во 2019 година доминираа азиските дестинации
Постојат многу начини да се оцени успехот на градот како туристичка дестинација покрај бројот на посетители што ги прима. Има ли инфраструктура, одржливост и економичност, како се справува со предизвиците за привлекување и сместување патници додека го одржува квалитетот на животот на жителите, а тука е и ефективноста на одговорот на пандемијата на ковид-19.
Компанијата за истражување на пазарот со седиште во Велика Британија, „Еуромонитор“, некогаш беше позната по својата годишна листа на топ 100 градски дестинации, која, сè додека ковид-19 не откажа сè во 2020 година, ги рангираше водечките дестинации според бројот на меѓународни пристигнувања.
Списокот е заменет со новиот индекс на дестинации за топ 100 града, кој ја споредува атрактивноста на 100 града низ светот користејќи шест столба за перформанси, со најновиот извештај заснован на податоците собрани во 2021 година.
Во 2019 година, азиските дестинации доминираа на врвот на листата, а водечки беа Хонгконг и Бангкок, но во 2021 година, во првите 10 се најдоа осум европски градови. Листата на првите туристички херои од ерата на пандемијата ја предводи Париз, а во првите 10 се Дубаи, Амстердам, Мадрид, Рим, Берлин, Њујорк, Лондон, Минхен и Барселона.
Лани Париз бил најпопуларна дестинација
Париз е прогласен за најатрактивната дестинација во светот за 2021 година. Тој е глобално рангиран највисоко во категоријата „туристички перформанси“ и втор по „туристичка политика и инфраструктура“.
Имаше корист од враќањето на американските и азиските туристи, иако сè уште не доби поттик од посетителите од Велика Британија, велат од „Еуромонитор“.
Дубаи, кој го зазеде првото место на листата за 2020 година, е единствениот град што влезе во топ 10 оваа година. Фаворитот од Обединетите Арапски Емирати ја доби предноста кога повторно се отвори за меѓународни туристи во јули 2020 година, а минатата година доби поттик од одложениот „Експо 2020“, кој започна во октомври 2021 година.
Мадрид е четврти во севкупното рангирање и бр. 1 во светот во столбот за перформансите за „одржливост“. Исто така беше трет во светот по „туристичка политика и атрактивност“. Благодарение на тоа што Шпанија ги олесни условите за влез на неколку пазари, Барселона, исто така, се искачи на рангирањето за шест места, на 10-то место во текот на 2021 година. Градовите рангирани од 11-то до 20-то место се Виена, Милано, Прага, Лос Анџелес, Токио, Даблин, Лисабон, Франкфурт, Цирих и Истанбул.