Алиша Кис подготви неочекувано искуство за паметење за сите оние што се најдоа на железничката станица во Лондон. Американската кантавторка, пијанистка и продуцентка Алиша Кис одржа несекојдневен настап на специфична сцена – железничката станица Сент Панкрас во Лондон.
Добитничката на 15 награди „греми“ свиреше на црно пијано донирано на станицата од сер Елтон Џон. Кис пееше и свиреше десетина минути, а насобраната публика ја фотографираше уметницата и гласно аплаудираше.
Таа ги изведе своите хитови „Empire State of Min“, „If I Ain’t Got You“ и „No One“, како и песна од новиот игран филм „The Color Purple“ што беше на репертоарот на „Бродвеј“.