Веќе е познато дека функцијата „преведи во живо“ на „Гугл“ ја прави својата магија за време на телефонски повици, но сепак е ексклузивна за семејството на уреди „Пиксел“. Меѓутоа, обожавателите на „Самсунг“ наскоро ќе добијат нешто слично без потреба да инсталираат апликации од трети страни.
Следниот водечки телефон на „Самсунг“, веројатно „галакси С24“, доаѓа со функција наречена Галакси АИ, напојувана од технологијата за вештачка интелигенција на „Самсунг“ на уредот, како и од технологијата за вештачка интелигенција базирана на облак на давателот. Пакетот ќе ја вклучува и функцијата „повик за превод во живо со вештачка интелигенција“ (AI Live Translate Call), која ќе прикажува преводи на разговори во текстуална форма во реално време. Како бонус, алатката има и копче „додај настан“ секогаш кога ќе се споменат времето и датумот, така што корисникот може веднаш да го означи датумот во календарот за својот соговорник.
– Нема многу детали за алатката Галакси АИ, освен дека таа засекогаш ќе го промени начинот на кој размислуваме за нашите телефони – рече Вонџун Чои, шеф на одделот за истражување и развој.
Дали Галакси АИ ќе ја вклучи и генеративната вештачка интелигенција на „Самсунг гаус“ сè уште не е познато, но доколку се случи тоа, нема да биде изненадување со оглед на фактот дека „Гугл“ веќе има нешто слично.