Познатата музичка ѕвезда Џон Бон Џови во ист ден ја продаде куќата во Палм Бич за 20 милиони долари, и купи нова, само неколку километри подалеку од неа, за 43 милиони долари. Тој ја срушил куќата со поглед на океан за која во 2018 година платил 10 милиони долари и направил сосема нова вила. Сега, таа ја продаде за нешто помалку од 20 милиони долари. Истиот ден кога ја продадал вилата, Бон Џови потпишал договор за друга луксузна куќа од 43 милиони долари до самиот океан, пренесува „Дејли мејл“.
Продадена вила има пет спални соби, пет комплетни и три полубањи зафаќајќи околу 5.000 квадратни метри. Првично беше проценета на околу 30 милиони долари. Во елегантната вила доминира ентериерот од камен. Таа има пространа библиотека со вградени полици, како и лифт и генератор за струја.
Новата куќа на Џон Бон Џови покрај океанот била ставена на продажба во јануари со цена од 44,9 милиони долари. Опфаќа 10.232 квадратни метри, со седум спални соби и седум комплетни бањи. Има сала за вежбање, винарска визба, лифт, генератор за струја и климатизирана гаража за три автомобили.
Меѓу неговите познати соседи се Брус Спрингстин, Род Стјуарт и Хауард Стерн. Палм Бич е секогаш атрактивен за недвижности за славните сопственици. Меѓу нив е и поранешната куќа на семејството Кенеди, која се продаде за неверојатни 70 милиони американски долари и два имоти на славниот милијардер Роу, кој се наоѓа во близина на Мар-а-Лаго на Доналд Трамп, а кој ги продаде за над 100 милиони долари.
Бон Џови отсекогаш поседувал скапи домови. Тој сè уште поседува апартман со четири спални соби и четири бањи во Њујорк, за кој платил скоро 19 милиони долари во 2017 година. Има вила во Ист Хемптона купена во 2004 година за 7,6 милиони долари. Има раскошна куќа во француски стил во Мидлтаун, дизајнирана од познатиот архитект Роберт А.М. Стерн, која е продажба од 2017 годин и вреди околу 20 милиони долари.