Холивудската ѕвезда Џони Деп ги отфрли обвиненијата дека физички ја малтретирал својата поранешна сопруга Амбер Херд, на што додаде дека, всушност, таа била онаа што го вознемирувала него.
Деп ја тужи својата поранешта сопруга за клевета во спор тежок 50 милиони долари, а во новите документи доставени до судот тој тврдел дека Херд прикажала лажни модринки.
– Најсилно ги отфрлам обвиненијата на Херд уште од 2016 – вели Деп.
Адвокатот на Херд, пак, ги негира коментарите против својот клиент.
Џони Деп ја поднесе тужбата за клевета против Амбер Херд кога актерката се опиша себеси како жртва на семејно насилство во едно интервју за „Вашингтон пост“.
Херд побара од судот во Вирџинија да ја отфрли тужбата на Деп.
– Најсилно ги отфрлам обвиненијата на Херд уште од 2016 година кога таа влезе во судницата со намера да побара забрана за приближување, со насликани модринки, кои, според сведоците и безбедносните камери, не постоеле претходната недела. Ќе продолжам да ги негирам овие обвиненија до крајот на мојот живот. Никогаш не сум ја малтретирал Херд ниту, пак, некоја друга жена. Таа беше сторителот, а јас бев жртвата. Додека мешаше лекови со алкохол, таа неколкупати физички ме нападна, дури и пред други лица, а во неколку случаи ми нанесе и сериозни телесни повреди – вели Деп.
Сепак, адвокатот на Херд вели дека во овој случај постојат многубројни докази дека Џони Деп ја тепал Амбер Херд.