Актерот Џони Деп во интревју за списанието „Ролинг стоун“ прв пат соопшти детали за банкротот, пороците и животот по разводот.
За време на интервјуто Деп пушел мешавина од тутун и марихуана, а новинарот на „Ролинг стоун“ забележува дека испил и поголемо количество вино.
– Не е точно дека трошам 30.000 долари на вино, трошам многу повеќе – истакнува актерот во интервјуто.
Тој признава дека исклучително многу страдал по разводот со Амбер Хард.
– Паднав најниско што можеше да се падне. Следнот чекор беше некаде да се замине со отворени очи, а да се вратам со затворени. Навистина не можев да ја поднесам болката – потенцира Деп.
Актерот открива, дека за време на турнејата со неговата музичка група, започнал да пишува мемоари на стара машина за пишување.
– Секогаш сум сакал да правам само добро и мислам дека тоа и го работев. Немав претстава во каква ситуација сум, се додека едно утро не седнав на машината за пишување. Навечер очите ми беа насолзени и не можев дури ни да го прочитам текстот, наведува актерот.
Во периодот по разводот Деп остана без неговите пари, а истакнува дека не можел да ја процени тежината на ситуацијата додека не изгубил се.