Актерот Даниел Редклиф (30) беше жртва на суров трик што не се случи во еден од неговите филмови од сеијалот „Хари Потер“, туку во реалниот живот.
На Твитер се појави лажен пост што кружеше на интернет. Во твитот пишува дека актерот бил заразен со коронавирус и станал првата славна личност за која тоа е јавно потврдено, пренесува „Хафпост“.
Портпаролот на Даниел изјави за „Њујорк пост“ дека тоа не е точно и дека актерот е целосно здрав. Репортерот на „Њујорк тајмс“, кој го сподели овој твит, подоцна се извини за ширење лажни информации.
„Твитер“ го суспендира првиот профил што ја прошири лажната вест поради манипулирање со луѓето, а групата што стои зад оваа лажна вест објасни зошто го направила тоа.
– Интересно беше да се манипулира со мозоците на луѓето, затоа што интернетот очигледно го намалува коефициентот на интелигенција на луѓето – објаснија оние што ја проширија лажната вест за наводната болест на Даниел Редклиф.