Актерот Том Хенкс соопшти дека тој и неговата сопруга, актерката Рита Вилсон, биле дијагностицирани со коронавирус, пренесува Си-ен-ен.
Во изјавата објавена на Инстаграм, Хенкс вели дека тој и неговата сопруга патувале во Австралија кога биле тестирани откако покажале симптоми како што се замор, болки во телото, зголемена температура и блага треска.

– И сега, што понатаму? Здравствените власти имаат протоколи што мора да се следат. Ние, Хенксови, ќе бидеме тестирани, набљудувани и изолирани онолку долго колку што бара јавното здравје и безбедност – напиша тој.
Претставник на Хенкс ја потврди веста за Си-ен-ен и немаше дополнителен коментар.
„Ворнер брос“ потврди дека актерот бил во Австралија за да работи на претпродукција на филм за пејачот Елвис Присли.