Шкотланѓанецот Марк Гаулд организира кампањата за собирање пари преку интернет, за да испрати еден пријател-рамноземјанин (верува дека Земјата е рамна – н.з.) во вселената и со тоа да им докаже на сите останати што мислат дека Земјата е рамна оти не се во право, пренесуваат медиумите.
Овој триесет и седумгодишен „изнервиран Шкотланѓанец“ ја започнал кампања за собирање на пари со крајна цел да собере 250.000 фунти, потребни за билет за комерцијален вселенски брод, за да испрати еден од рамноземјаните во вселената, со цел од таму да ја види Земјата. На тој начин, Гаулд се надева дека доколку неговиот пријател сфати дека греши, тоа ќе ги убеди и другите што веруваат во теоријата дека Земјата е рамна.
250.000 фунти чини една карта за летот на „Вирџин Галактик“, кој треба да полета подоцна годинава, но може да се одложи поради пандемијата ковид-19. Бидејќи на рамноземјашите им се нуди шанса да ја докажат својата убеденост, Гаулд верува дека токму тие треба да бидат најголеми спонзори.
Гаулд додал дека ги контактирал и милијардерите Илон Маск и Ричард Брансон од „Вирџин Галактик“ за да ја финансираат неговата идеја, но се уште чека одговор.
Рамноземјашите тврдат дека светските влади заедно осмислиле заговор за да ги убедат луѓето дека Земјата е кружна, како и дека астронаутите се платени актери.