Заедно со реиздавањето на легендарниот албум од 1987 година “Appetite for Destruction” на американскиот хард рок бенд Ганс енд Роузес, ќе оди и EP Lies од 1988 година. Сепак, на EP Lies нема да се најде контроверзната нумера “One in a Milion”, пренесува „Гардијан“.
Веднаш по издавањето, песната наиде на критики на јавноста заради неколку спорни стихови.
– Имигранти и пе*ери, тие за мене немаат смисол, доаѓаат во нашата земја и мислат дека може да прават што сакаат, да основаат некој мини Иран или да рашират некоја болест, зборуваат на толку проклети начини, тоа сето мене ми е грчки – се вели во спорните стихови.
На сето ова реагираше и Акс Роуз.
– Ме нервира кога луѓето ми забрануваат што смеам, а што не смеам да кажам – зошто црните луѓе смеат да го користат тој збор, а јас не смеам- се бранеше пејачот во 1988 година, наведувајќи дека сакал да навреди одредени црни луѓе кои сакале да го ограбат, а не сите афроамериканци.
По прашањето на хомофобијата, Роуз тогаш рече дека нема ништо против хомосексуалците кои не ги наметнуваат своите инклинации на другите, а дека своевремено бил жртва на обид за силување.
Елтон Џон, легендарен текстописец и деклариран хомосексуалец, кој со Роуз настапуваше на концертот во чест на починатиот Фреди Меркјури, во 2017 година во интервју за Ролинг Стоун ќе рече:
– Ниту за милион години не би помислил дека Акс Роуз е хомофоб…Ќе се борам за секого што е лошо разбран од страна на идиотите – рече Елтон Џон.